Штета за „ајфонот“ во чудесното коло на Спортска прогноза – Sport Life подготви 99 ваучери во вредност од 52.500 денари за фантастичните прогнозери

Чудесно беше 14-тото коло на Спортска прогноза и вистинска штета е што прогнозерите не успеаја за влакно да го добијат прекрасниот „ајфон12“ и тоа шестмина од нив за само еден промашен пар.

Изненадување беше победата на Фиорентина против Милан со 4:3 и четворица од прогнозерите го утнаа само конечниот исход на тој пар, а уште двајца промашија на двата дуели од Премиер лигата меѓу Барнли и Кристал палас, односно Њукасл со Брентфорд.

Сепак, и со една утка ќе има убави награди и секстетот со 12 погодени натпревари на популарната Тринаесетка ќе добијат вредносни ваучери од 1.000 денари од Sport Life.

Колото е рекордно според бројот на ваучерите, а ги има уште 93 за прогнозери што погодија по 11 пара и тие ќе добијат по 500 денари како ваучери од Sport LIfe.

Билансот е 99 ваучери вкупно, во вредност од 52.500 денари, или околу 900 евра.

Досега вакво коло немало во сите четири сезони на Спортска прогноза, игра што е во организација на Sport Life и на Спорт Манија и е бесплатна.

Армијата на прогнозери се зголемува постојано и само прашање на време е кога ќе го имаме и првиот добитник на прекрасниот „ајфон12“.

Затоа не се мислете премногу, приклучете се и вие со ваши прогнози уште денеска од 14 часот, во новото 15-то коло на Спортска прогноза, бидејќи ве чекаат богати награди во секоја рунда и на крајот во трката за шампион во Генерален пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести