Штета за Калин, загуби во решвачки тај-брејк од првиот носител во Тунис

Калин Ивановски одигра одличен меч на ИТФ турнирот во Монастир, Тунис, но малку и среќата му го сврте грбот, па во долг четвртфинален меч во три сета загуби од првиот носител Робин Бертран од Франција со 1:2.

Решавачкиот сет се играше во тај-брејк, а Бертран успеа да го добие со 7:3 во поени и да слави со 6:4, 4:6, 7:6 (3).

Ивановски одлучи годинава да не игра на јуниорскиот дел од гренслемот во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австалија, туку посериозно да ѝ се посвети на сениорската кариера.

На почетокот на декември, лани, 18-годишниот македонски тенисер успеа да победи на ИТФ турнир во Мадрид, а со добри настапи продолжи и на почетокот на новата 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести