Штиклите на Јаховиќ се во мода во Турција – Адис го фрли во очај и гигантот Бешикташ (Видео)

Адис Јаховиќ има чудесна „штикла“ и повторно презентираше дека е играч од висок ков, со потегот со кој ја почна акцијата за вториот гол на Анталијаспор против Бешикташ.

Гостите прават изненадување и водат со 2:0 против турскиот гигант по првото полувреме, а акцијата за вториот гол беше за мерак.

Ја почна Јаховиќ со извонредна петица, а ја круниса стрелецот Амилтон. Претходно Ѓумуш и донесе предност на Анталијаспор во премиерниот меч за тимот по долгата пауза од три и пол месеци поради Коронавирусот.

Јаховиќ имаше сличен потег на денешниот, токму против својот поранешен клуб Малатија, во февруари годинава. Тогаш на сличен начин му асистираше на Ѓумуш за погодок.

Ако играчите на Анталијаспор успеат да ја задржат предноста ќе имаат серија од девет меча без пораз во мечевите од турското првенство.

- Оглас -

Најнови вести