Што да каже Милан? На „Маракана“ не е првпат да не се признае регуларен гол (видео)

Малку е да се каже дека Кристијано Роналдо беше фрустриран по одлуката на судијата Дени Макели да не го признае неговиот гол во финишот со кој Португалија ќе славеше победа од 3-2 на гостувањето во Белград против Србија.

Капитенот на актуелниот европски првак по драмата посочи дека целата негова нација е оштетана, но Роналдо може да се буни колку сака, одлуката нема да се смени.

Сепак, треба да има во предвид дека на популарната „Маракана“, или „Рајко Митиќ“ стадионот на Црвена ѕвезда, не е прват да не се признае чист гол во кој топката ја помина линијата повеќе од метар.

Имено, во реваншот осминафиналето во тогашниот Куп на шампиони меѓу Ѕвезда и Милан во сезоната 1988/89, топката влезе во голот на Црвено-белите меѓутоа голот не се важеше. За среќа на Росонерите, по нерешените 1-1 триумфираа со 4-2 на пенали за пласман во следната фаза.

https://twitter.com/carlogarganese/status/1273322704654008322

- Оглас -

Најнови вести