Што ли му требаше со копачка да го гаѓа судијата? (Видео)

Фудбалерот на Лејтон ориент, Џејмс Дејтон, викендов доби црвен картон бидејќи од нервоза ја фрли копачката кон судијата. Колку и да не е оправдан потегот на играчот кој беше повреден, револтот кај него беше сосема на место бидејќи судијата, само од нему познати причини, не досуди фаул над Дејтон при еден многу остар старт.

Ова се случи на средна од Националната лига, која е петта по квалитет во Англија. На гостувањето кај Сатон јунајтед, Лејтон ориент победи со 2-1, победничкиот гол беше од пенал во 89-тата минута, а 13 минути претходно се случи ова исклучување.

За несреќниот Дејтон, кој се здоби со потешка повреда на глуждот, сезоната е завршена.

Погледнете ја ситуацијата (фаулот и фрлањето копачка се во средината на клипот) и како вие би реагирале ако по ваков груб фаул над вас, судијата не досуди ништо:

- Оглас -

Најнови вести