Што сè веќе нема во модерниот фудбал – Во Португалија е покажан бел картон на женското дерби (Видео)

Чудна ситуација имаше на португалското женско фудбалско дерби меѓу Бенфика и Спортинг на „Луж“, а главната судијка покажа бел картон, што е историски момент.

Ова е за првпат да има и таков картон на фудбалски меч, а го добија медицинските служби на двете екипи кои беа на терен за да ѝ помогнат на една од фудбалерките што не се чуствуваше добро.

Тоа се смета како награда, а дали ќе добијат и некаков паричен бонус за белиот картон, не се знае.

Како сатисфакција добија аплауз од повеќе од 15 илјади публика, што е рекорд за женски меч во Португалија.

Бенфика успеа да победи во големото градско дерби на Лисабон со 5:0.

 

- Оглас -

Најнови вести