Што ни треба за пласман во следната фаза?

Поразот од Чешка во второт коло ги закомплицира работите за ракометната репрезентација на Македонија. Пред последното и одлучувачко коло од групите, влегуваме со по една победа и пораз, што значи дека ќе мора да се добие мечот со селекцијата на Австрија за да се избори пласман во следната фаза од Европското првенство.

Но, за пласманот  во втората рунда ќе треба да биде загарантиран, избраниците на Данило Брестовац ќе мора да триумфираат најмалку со два гола разлика против еден од домаќините на ова првенство.

Македонија моментално има биланс од 51:52 според погодоци, Чесите имаат 56:57, но оваа гол-разлика може да не биде важна доколку Австрија вечерва ја совлада Украина, па во последното коло да се чека изненадување од Украинците во дуелот против Чешка.

- Оглас -

Најнови вести