18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Што пие Кристијано Роналдо? (Фото)

Португалските фудбалски репрезентативци отпатуваа за Севилја каде треба да го играат осминафиналниот дерби натпревар од Еуро 2020 против Белгија, па Кристијано Роналдо и Пепе објавија една заедничка фотографија, која несакајќи стана хит на социјалните мрежи.

Причината за бројните коментари е шишето со пијалок кое е ставено пред Роналдо, кој наводно пие само вода. Во шишето има жолта течност.

Некои сметаат дека е некаков енергетски појалок, според други тоа е пиво, за трети тоа е сок од јаболка, а има и грозни навредливи коментари од типот дека тоа е урината на Нголо Канте.

- Оглас -

Најнови вести