Што рече Дејан пред да отпатува во Токио? (Видео)

Дејан Георгиевски во 14:45 часот во Токио ќе се бори за првото олимписко злато во самостојна Македонија. Новиот спортски јунак се пласира во финалето во таеквондо во категоријата над 80 килограми, а во борбата за златниот медал треба да се бори со Русинот Владислав Ларин.

Македонија досега никогаш немала финалист на ЛОИ, а Георгиевски испиша историја со три победи над ривали кои на хартија дури беа и фаворити. Во полуфиналето, Георгиевски го победи јужнокорејскиот таеквондист Кјо Дон Ин и со тоа веќе обезбеди најмалку сребрен медал за Македонија.

Георгиевски уште пред патувањето во Токио најави дека на Игрите патува за да донесе медал и радост за Македонија.„Ова е турнир каде што се најдобрите 16. Конкуренцијата е пеколна. Со повеќето сум се борел и ги имам победувано, ме имаат победувано. Сигурен сум дека може да победам секого. Ветувам дека ќе донесам медал. Тоа е спорт, но со Господ напред и здравје, па да ја израдувам нашата држава со медал“, беше пораката на Георгиевски пред патувањето во Токио.

- Оглас -

Најнови вести