Што се случува во Ајакс, еден директор сексуално вознемируваше вработени, друг тргувал со доверливи информации

Ајакс го суспендира генералниот директор Алекс Кроес поради наводна трговија со доверливи информации. Надзорниот одбор на холандскиот тим утврдил дека Кроес купил повеќе од 17.000 акции на Ајакс, и тоа само една недела пред да биде објавено дека ќе биде нов генерален директор на Ајакс на 2 август 2023 година.

„Надзорниот одбор дојде до информации кои се потврдени од адвокати кои покажуваат дека тој тргувал со акции на основа на доверливи информации. Според законите, тргувањето со доверливи информации е казнено дело“, објави клубот.
Претседателот на надзорниот одбор, Мајкл ван Праг, порача дека сите во клубот се изненадени од тоа што се случува во Ајакс.

„Постапките на Алекс Кроес не се согласно со тоа што го застапува Ајакс. Во моментот кога ги купил акциите значи дека тргувал со доверливи и инсајдерски информации. Ние не можеме да го толерираме тоа, посебно не доколку се работи за претседател на управа“, изјави Ван Праг.

Минатата година Марк Овермарс мораше да си поднесе оставка, а потоа беше тужен во холандскиот суд бидејќи сексуално вознемирувал жени вработени во Ајакс.
Тоа не е крајот на проблемите на Ајакс бидејќи тренерот Џони ван Шип објави дека на крајот од сезоната ќе си замине од клубот.

- Оглас -

Најнови вести