Што велат фактите за Златната топка: Левандовски беше фаворит, но Меси статистички е најдобар

За првпат по појавувањето на Златната топка во 1956 година, оваа година нема да има избор за најдобар фудбалер во светот. Поради пандемијата со корона-вирусот, стручното жири на „Франс фудбал“ одлучи оваа година да не се додели најпрестижната индивидуална награда.

Според досега прикажаното, двајца фудбалери се одвојуваат од останатите. Многумина сметаат дека ова беше сезона на полскиот репрезентативец во редовите на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Голгетерот беше кошмар за противничките голмани и го предводеше тимот до двојна круна во првенството и Купот на Германија, а Баерн е и еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите.

Иако Левандовски блескаше во освојувањето на трофеите, статистиката вели дека друг фудбалер е најдобар. Според учинокот на теренот, Лионел Меси е најдобриот фудбалер сезонава. Според игрите, головите и асистенциите, Меси има најдобра оцена од сите фудбалери во Европа.

Меси е оценет со 8,71 и е пред Килијан Мбапе од ПСЖ, кој има оценка 8,14 и Роберт Левандовски со оценка 8,13. Меѓу најдобро оценетите играчи се и Кристијано Роналдо (7,91) и Кевин де Бројне (7,88).

Капитенот на Барселона сезонава во 42 меча даде 30 гола и имаше 26 асистенции. Сепак, Меси има еден голем минус кога се работи за освојување на оваа награда, а тоа е што Аргентинецот сезонава не освои ниту еден трофеј со Барселона, што не е случај со Левандовски или Мбапе.

 

- Оглас -

Најнови вести