Што вели Сари: Македонија нѐ потсети дека сме 30 години назад, на Италија Чиро Имобиле постојано и е жртвено јагне

Маурисио Сари застана во одбрана на Кралот на стрелците во Серија А, Чиро Имобиле, кој е посочен како еден од главните виновници за сензационалниот пораз на Италија од Македонија, со 0:1 во Палермо што ги елиминира Аѕурите од настап на Мундијалот во Катар.

Сари кој му е тренер на Имобиле во Лацио, вели дека поразот од Македонија треба да ги освести сите во земјата на четирикратниот светски првак.

„Италијанскиот фудбал е 30 години назад од модерните текови. Поразот од Македонија треба да не освести. Ако гледате паралелно фудбал во Серија А и во Бундеслигата мора да се запрашате каде сме и зошто заостануваме“, вели Сари.

Тренерот на Лацио ја коментираше и ситуацијата со Имобиле, кој е еден од Аѕурите што е на мета на остри критики по неуспехот против Македонија.

„Разговарав со Чиро и му кажав што мислам. Тој е најдобар стрелец во Италија, но стана и жртвено јагне на Италија. Самиот ќе одлучи како да продолжи понатаму“, додаде Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести