Што вели тениската убавица: Ѓоковиќ ќе биде најтрофеен на сите времиња, Федерер веќе нема да освои гренслем

Новак Ѓоковиќ сигурно ќе биде најтрофеен тенисер на сите времиња според бројот на освоени пехари на гренслем турнирите, Роџер Федерер ќе остане на бројката од 20 титули, а и Рафаел Надал тешко ќе освои нов трофеј на еден од четирите најценетите светски турнири, е прогнозата на Барбара Шет.

Шет, која е поранешна тенисерка и веќе неколку години ја има улогата на тениски експерт на гренслем турнирите и е во улога на стручен коментатор на „Евроспорт“ вели дека Ѓоковиќ има неверојатна ментална сила што ќе го доведе до тронот, според бројот на освоени гренслем пехари.

Засега Новак, Роџер и Рафа се израмнети на вечната листа со по 20 титули на четирите најценети светски турнири, но Шет прогнозира дека тоа набрзо ќе се смени, можеби веќе од 12. септември кога ќе заврши американскиот гренслем во Њујорк, популарниот САД опен.

„Ѓоковиќ има неверојатна ментална сила и тоа го води до успеси и кога се чини дека не е во најдобра форма, или момент. Игра како да има 27-28 години и наскоро ќе биде апослутен рекордер по бројот на освоени гренслем турнири, што автгоматски значи и најдобар тенисер на сите времиња. Роџер Федерер веќе нема да освои пехар на големите турнири, а се потешко станува и за Рафаел Надал, особено поради повредата што го мачи“, прогнозира Шет.

Австријката активно играше тенис до 2005 година, освои три титули на ВТА турнирите, а најдобар ранкинг во кариерата и беше седмото место на ВТА листата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести