Што вели традицијата: На Арената во Скопје ќе има најмалку три гола!

Македонската фудбалска репрезентација попладнево (15 часот) на Арената „Тодор Проески“ ќе стартува во нов циклус од Лигата на нации, а амбициите се исти. Победа без разлика кој е противникот како потврда на квалитетот на оваа генерација која сака да игра на завршницата на Европското првенство 2020.

Ерменија е противник кој е добро познат за Македонија. Низ историјата, досега имаме одиграно осум меча со овој ривал, а интересно е што билансот е израмнет. Двете селекции се радувале по три пати, а два меча завршиле нерешено. Тоа што е карактеристично за сите мечеви е дека имало погодоци.

Дури седум од осумте меча биле со најмалку три гола, а само еднаш беше со два погодоци. Вкупно се постигнати 28 гола (13 даде Македонија, а 15 Ерменија), што е просек од точно 3,5 погодоци на натпревар. Капитенот на Македонија Горан Пандев е расположен за тресење на мрежата на Ерменија и досега има четири гола против овој ривал. Последниот меч сепак заврши со убедлива победа на Ерменија од 4:0 и сега едноставно е време за реванш.

Затоа од обложувачки аспект, следејќи ја традицијата, попладнево на стадионот во Скопје може да очекуваме меч со 3+ голови. Во Sport Life за 3+ има примамлив коефициент од 2.25.   

СИТЕ РЕЗУЛТАТИ

10.05.1995: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:2

06.09.1995: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 1:2

18.08.2004: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 3:0

04.06.2005: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:2

07.09.2010: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:2

07.10.2011: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:1

09.09.2018: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2:0

16.10.2018: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести