Штрајковите во Франција се директна закана за одржување на Олимписките игри во Париз, дали налето државата ќе биде блокирана поради протести?!

Претседателот на Олимпискиот комитет на Олимписките игри во Париз, Франција, Тони Естанже, денеска изјави дека се надева дека во државата ќе има „социјален мир„ за време на одржување на Олимписките игри (26 јули – 11 август), во време кога дел од синдикатите најавуваат штрајкови во неколку сектори.

Ентанже гостувајќи во емисијата „Телемартин“ на Француската државна телевизија, изјави дека не сака штрајковите да ја „расипат„ забавата, односно Олимписките игри во Париз.

„Се надевам дека можеме да најдеме решение за сите кои ќе работат на проблемите, свесни сме дека постојат ограничувања во организацијата на Игрите. Заканата од поголем број штрајкови кои треба да се одржат во средината на јули ги заговара Матилда Пано. Таа повикува на масовни штрајкови против Владата и тоа во време кога ќе се одржуваат Олимписките игри во Париз. Не сум изненаден од оваа одлука бидејќи тие имаат поинаква идеја и улога“, изјави Естанже.

Во изминатите неколку месеци се водат интензивни преговори меѓу Владата и претставниците на гранковите синдикати, пред сè, за решавање на социјалните проблеми во полицијата и во здравството.

Со цел да обезбеди социјален мир за време на одржувањето на Олимписките игри во Париз, францискиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, најави бонус од 1.900 евра за полицајците и жандармите. Но, проблемите во останите области сè уште не се решени и нема да претставува изненадување доколку Франција и Париз бидар парализирани од штрајкови, и тоа додека се одржуваат Олимписките игри во главниот град на Франција.

- Оглас -

Најнови вести