Штутгарт дојде до убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Баер Леверкузен во последниот меч од денешната бундеслигашка програма.
Гостите од Штутгарт чекаа на триумф кај „фармацевтите“ речиси осум години, бидејќи последната победа во Леверкузен ја имаа во април 2018 година.
Овој пат не само што победија, туку тоа го направија со покер голови во противничката мрежа, и тоа сите во првото полувреме.
Поранешниот шампион на Германија се што успеа да направи на овој натпревар е да постигне почесен погодок преку Грималдо од пенал во 66-тата минута.
Двете екипи сега имаат по 29 бода, колку што има и Лајпциг, на делба од третата до петтата позиција.

