Штутгарт постави краен рок за евентуалната продажба на напаѓачот Ник Волтемаде, пренесува „Билд“. Германскиот клуб смета дека сите понуди за 23-годишниот фудбалер мора да пристигнат најдоцна до 16 август, кога тимот ќе се соочи со Баерн Минхен во Суперкупот „Франц Бекенбауер“.
По тој датум, Штутгарт нема да разгледува никакви понатамошни понуди за Волтемаде, без оглед на понудената сума.
Баерн Минхен е главниот кандидат за неговиот потпис и веќе има постигнато личен договор со фудбалерот. Сепак, нивната последна понуда вредна 50 милиони евра, плус дополнителни 5 во бонуси, беше одбиена од Штутгарт. Оттогаш клубот од Минхен не воспоставил нов контакт.
Волтемаде повторно ја потврдил својата желба пред раководството на Штутгарт, тој сака трансфер во Баерн. Тимот од „Алијанц арената“ останува трпелив бидејќи знае дека играчот е решен да се пресели во Минхен.