Штутгарт имаше негатива од 0-2, но направи супер-пресврт и успеа да слави со 3-2 на домашен терен против Унион Берлин за петти триумф оваа сезона во Бундеслигата.
Гостите поведоа со головите на Доеки и на Сков, но потоа на сцена стапи Ник Волтемаде кој постигна два гола за Штутгарт, во 51-та и во 59-та минута од мечот.
Победничкиот гол за домаќинот беше дело на Атакан Каразор во 69-та минута од дуелот.
По оваа победа, Штутгарт се најде на шестото место со 20 освоени бодови.