Шумахер влезе во болидот на Ферари

Михаел Шумахер на 22 октомври 2006 година на патеката „Интерлагос“ во Бразил за последен пат се тркаше во болидот на Ферари, тимот со којшто освои дури пет шампионски титули во Формула 1, во април 2008 последен пат возеше во Барселна како тест-пилот, а сега дојде време неговиот син Мик Шумахер да го вози Ферарито.

Мик ги тестираше гумите на „Пирели“ на тренинг на патеката „Шакир“ во Бахреин.

Младиот Мик, кој има 20 години, влезе во кокпитот на „црното коњче“ и оваа вест предизвика големо внимание бидејќи е наследник на неговиот славен татко. Шумахер јуниор сврте неколку кругчиња по патеката на која во неделата попладне официјалните пилоти на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел беа најголемите губитници.

Во Бахреин беа и мајката на Мик, Корина, и баба му Габриел. Утре Мик Шумахер ќе го тестира болидот на Алфа Ромео Заубер.

- Оглас -

Најнови вести