Штутгарт победи со 4-2 во финалето на Купот на Германија, и по четврти пат во својата историја, а прв после 28 години, го освои овој трофеј. Интересно е дека и во 1997 година како и сега, во финалето победија третолигаш, тогаш Енерги Котбус, сега Арминија.
Популарните Шваби во вечерашното финале против Арминија славеа со 4-2, а водеа и со 4-0, пред да примат два гола во финишот за ублажување на победата. Штутгарт водеше со 3-0 по само 28 минути игра, ваква доминација не беше видена во финалните мечеви од купот.