Швајцарија се спаси во 90-тата минута, Чешка се мачеше па победи од пенал против Фарските острови (Видео)

Репрезентацијата на Чешка со многу мака и гол од пенал дојдоа до победата над Фарските остори од 1-0 со која се искачија на втората позиција во групата Е со 11 бодови, два помалку од лидерот Албанија. Херој на чешката репрезентација беше Томас Сучек кој беше прецизен реализатор на пеналот во 76-тата минута.

Големи возбудувања и шест погодоци донесе мечот во Сент Гален, каде Швајцарија и Белорусија ремизираа 3-3. Домашните дојдоа во водство во 28-мата минута преку Џердан Шаќири, но во вториот дел белорусите со три погодоци направија комплетен пресврт и стигнаа до водство од 1-3, кое го имаа се до 89-тата минута.

За Белорусија прецизно стрелаа Ебонг, Полјаков и Антилевски, но Швајцарија во 89-тата и 90-тата минута преку Аканжи и Амдуни стигна до реми кое ги искачи на врвот од табелата во групата И.

- Оглас -

Најнови вести