Шварцман одигра животна партија против Надал, Рим ќе има нов владетел

Диего Шварцман го елиминираше фаворитот и актуелниот шампион на Мастерс-турнирот во Рим, Рафаел Надал, со 2-0 во сетови (6-2, 7-5) и обезбеди полуфинална битка против Денис Шаповалов. Аргентинецот првпат во кариерата успеа да го надигра вториот светски рекет по 10 меѓусебни дуели и воедно ја прекина двегодишната доминација на Надал во Вечниот град.

Шварцман го покажа можеби своето најдобро издание. Првата шанса да приреди изненадување му се укажа откако направи брејк за 3-2 во првиот сет, а потоа му одзеде и уште еден сервис на Надал по што сервираше за освојување на сетот.

Драмата настана по 3-3 во вториот сет, кога двајцата тенисери си одземаа сервиси до 13-тиот гем, пред Шварцман да сервира за победа и со првата меч-топка да ја реши средбата.

Полуфиналните дуели Ѓоковиќ – Руд и Шварцман – Шаповалов се предвидени за денес од 14, односно од 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести