Шведска со „викиншка“ битка и епски пресврт ја победи Норвешка и се пласира во полуфиналето

Неверојатен пресврт и пласман во полуфиналето за репрезентацијата на Шведска, која ја победиј Норвешка во големото дерби со 24:23 на Европското првенство во ракомет.

Норвежаните имаа сигурно водство речиси во текот на целиот натпревар, а победникот цело време беше во голема резултатска негатива, која на паузата измеѓу полувремињата беше дури и пет (9:14).

Шведска се врати во вториот дел и најпрвин во 47-мата минута стигна на „минус“ еден (17:18), но Норвешка повторно со неколку брзи голови во 54-тата минута имаше нова голема предност од четири голови (23:19) и се чинеше дека тука е крајот.

На голот на Викинзите застана Петер Јоханенсон, кој со неколку фантастични одбрани во самата завршница најпрвин ѝ овозможи на неговата селекција да дојде до реми.

Победоносниот гол беше дело на младиот Валтер Шринтз, за кого тоа беше шести гол на оваа средба ѝ донесе голема радост за Шведска.

Воедно, токму тој ракометар со шест погодоци беше најефикасен кај победниците, кои со Шпанија обезбедија пласман во полуфиналето.

Несреќната Норвешка, пак, ќе игра со третопласираниот од групата „1“, чиј расплет ќе го имаме утревечер.

 

- Оглас -

Најнови вести