Швеѓаните доцна се разбудија, Пирова победа за најтрофејните против Исланд

Швеѓаните со победа против Исланд се простија од настапот на Европското првенство во ракомет, на кое беа еден од трите домаќини.

Во дербито на Скандинавија, четирикратниот европски првак славеше со 32:25, стигна до круг со Португалија и Унгарија со четири бода, но остана покусо за една позиција за евентуална битка за петтото место.

Таму ќе игра Португалија против Германците, кои вечерва ја победија Чешка со 26:22 и го освоија третото место во Групата 1.

Во полуфиналето ќе играат Шпанија и Словенија во петок од 18 часот и Норвешка и Хрватска истиот ден од 20.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести