28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Швјонтек до утешната награда на ЛОИ, лесно дојде до бронзениот медал

Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек, со медал си заминува од Олимписките игри во Париз, откако успеа да го добие дуелот за бронзениот медал против Ана Каролина Шмидлова.

После шокантниот пораз од Женг во полуфиналето, Швјонтек одигра на ниво и лесно со 2-0 победи против тенисерката од Словачка, 6-2 и 6-1 по сетови. Шмидлова која во моментов е 67-ма на ВТА ранг-листата немаше никакви шанси да ѝ се спротивстави на Швјонтек и беше во подредена позиција во текот на целиот натпревар.

Во финалето на женскиот тениски турнир на Олимпијадата ќе играат Векиќ од Хрватска и Женг од Кина.

- Оглас -

Најнови вести