Сигурдсон е чудо, Исланѓанецот со две различни репрезентации обезбеди пласман на ЛОИ во Париз

Дагур Сигурдсон пред неколку недели седна на клупата на ракометната репрезентација на Хрватска и веднаш покажа зошто се смета за еден од најдобрите тренери на денешницата, приредувајќи невообичаен подвиг.

Тој на квалификацискиот турнир кој се игра во Германија, ја предводеше Хрватска до две победи, прво со 35:29 ја совлада Австрија, а вчера со 33:30 славеше над домаќинот и го завери едно од првите две места кои носат пласман на ракометниот турнир на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз.

Но, освен Хрватите, Сигурдсон го слават и Јапонците бидејќи исто така ги однесе на ЛОИ во Париз.

Имено, Сигурдсон како селектор во октомври минатата година со Јапонија триумфира на Азиското првенство со што автоматски обезбеди пласман на ЛОИ во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести