Силекс е хит, против шампионот ја брани серијата без пораз од октомври

Силекс игра одлично и нема пораз од октомври лани во двете домашни натпреварувања, првенството и купот, а денеска на гости им доаѓа екипата што последна успеа да ги победи.

Шкендија има одличен биланс кога гостува во Кратово, но и пораз во август кога за последен пат беше гостин на Силекс.

Денеска од 14 часот ќе се бие битка за втората позиција, а Силекс кој има 30 бода со евентуална победа би го прескокнал актуелниот првак, кој е втор со 31 бод.

Второто дерби се игра во истиот термин од 14 часот во Ѓорче Петров. Македонија ќе им биде домаќин на Академците на Пандев. И тука може да дојде до смена на позициите, ако „лавовите“ ги победат струмичани, во тој случај ќе бидат на четвртото место, кое пред стартот на денешните мечеви од 20. коло и припаѓа на Академија Пандев.

Двојки, 20. коло, 14 часот: Силекс – Шкендија, Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев, Работнички – Шкупи, Ренова – Струга Трим Лум. Вчера: Борец – Вардар 0:1.

Табела: Вардар 42, Шкендија 31, Силекс 30, Академија Пандев 27, Македонија Ѓ.П. 26, Шкупи 25, Струга Трим Лум 24, Борец 20, Ренова 19, Работнички 18.

 

- Оглас -

Најнови вести