Силекс и Башкими одиграа без голови на дуелот во Кратово во меч од 17-тото коло на Првата фудбалска лига на Македонија. Кратовци ја имаа улогата на фаворити, додека гостите беа дојдени да се бранат и на крајот успеаја во тоа и конечниот резултат е 0:0.
Домашниоит тим имаше многу повеќе шанси, но одбраната на кумановци едноставо беше на нивото на задачата. За Силекс ова е прв нерешен резултат на домашен терен, а само второ реми сезонава.

Кратовци сега имаат 32 бода, дури 13 помалку од лидерот Вардар (45 бодови), што значи дека многу заостанаа во трката за титулата. Струга ТЛ на второто место е со 41 бод, додека трета е Шкендија со 41 бод.
Башкими со овој освоен бод стигна до 23 бода и сега се искачи на петтото место на табелата.
Ова коло во Првата лига ќе се комплетира со два дуела, кои ќе се играат утре, и тоа меѓу: Брера – Македонија ЃП и Пелистер – Работнички.

