Силекс победи со гол во 94 минута на меч кој беше 7+

Силекс со 4:3 го победи Работнички во највозбудливиот меч од 9. коло на Прва фудбалска лига во Македонија. Кратовци по првиот дел имаа минимална предност од 1:0, а во вториот дел се случи вистинско гол шоу. Силекс имаше сигурна предност, но Работнички не се предаде и стигна до 3:3 на неколку минути пред крајот.

Кога се мислеше дека дуелот ќе заврши нерешено, Мустафов со гол во 94 минута донесе голема радост на Силекс и победа од 4:3.

На домашен терен се радуваше и Борец по победата од 2:1 против Македонија Ѓорче Петров. Сите три погодоци беа постигнати во последните неколку минути. Пеев погоди во 85 минута за водство на Борец, а Ѓорѓиев зголеми на 2:0 во 91 минута. Гостите дадоа почесен погодокј во 96 минута. Македонија ЃП може да жали што не стигна барем до бод, затоа што гостите промашија пенал при 0:0.

Струга Трим Лум лесно со 3:0 се радуваше против фенерџијата Беласица, а Ренова и Пелистер одиграа без голови. Единствената победа на гости ја оствари Шкупи кај Академија Пандев со 1:0.

Табела: Шкендија 21 бодови, Шкупи 19, Македонија ЃП 16, Борец 15, Силекс 14, Струга Трим Лум 14, Работнички 11, Пелистер 11, Вардар 11, Ренова 7, Академија Пандев 7, Беласица 1 бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести