Силва ги остави соиграчите на цедило, Челзи се распадна пред ВБА за две минути (видео)

ВБА во второто полувреме ќе влезе со предност од 2-1 во мечот против Челзи на „Стемфорд бриџ“, откако гостите профитираа од капитулацијата на фаворизираните Сини.

Матус Переира се истакна како херој за ВБА во финишот од првиот дел, во којшто за само две минути на двапати ја затресе мрежата на Челзи. Ова е прв натпревар во кој тимот од Лонсон дозволи два погодоци во својата мрежа откако Томас Тухел е на клупата.

На половина час од средбата, Тијаго Силва направи глупост и заработи втор жолт картон, па ВБА со играч повеќе тргна во напад и оствари неверојатен пресврт.

- Оглас -

Најнови вести