Симеоне: Нѐ боли елиминацијата од Реал во ЛШ, но вечерва играме дерби против Барселона

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека чувствува разочарување и неправда по болниот пораз на неговиот тим во Лигата на шампионите од Реал Мадрид по изведување пенали. Сепак, тој ги повика сите во клубот да останат максимално фокусирани пред вечерашнкиот дерби-натпревар од Ла Лига против Барселона.

Аргентинецот се осврна на средбата од средата, кога ВАР интервенираше и пронајде грешка на Хулијан Алварес при изведувањето на пеналот со двојно допирање на топката, па голот беше поништен.

„Единствената моја сила е да работам и да осигурам дека тимот останува сериозен конкурент. Ги разбирам нашите навивачи и чувството кое сите го имаат – огромно разочарување, гнев и чувство на неправда“, изјави Симеоне пред новинарите.

„Нема да се навраќам повеќе на минатиот натпревар. Сега мора да се фокусираме на следниот предизвик. Имаме одлична можност против тим кој игра многу добро. Целосно сме насочени кон себе и кон тоа да покажеме дека можеме да продолжиме напред како сериозен конкурент за титулата во Ла Лига“, додаде 54-годишниот стратег.

Атлетико Мадрид ќе ја пречека Барселона вечерва од 21 часот пред своите гледачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести