Симеоне остана без важен адут за дуелот против Лајпциг

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, остана без важен адут за клучниот дуел против Лајпциг во четвртфиналето на Лигата на шампионите. За средбата која е закажана на 13 август, аргентинскиот стратег не ќе може да смета на Томас Парти, играчот која ја одржува рамнотежата во средниот ред на Јорганџиите.

По дуелот против Реал Сосиедад во последното коло од Ла Лига, Парти се пожалил на мускулна повреда, за што ќе му бидат потребни околу три недели за целосно да закрепне. Ова е тежок удар за Атлетико и Симеоне кои се надеваа во успешна завршница во ЛШ, со оглед на тоа дека останаа во трка само за европскиот пехар.

Инаку, доколку Атлетико се пласира во полуфиналето, ќе го чека подобриот од пресметката ПСЖ – Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести