Симеоне стана шести тренер кој добил засилувања од вкупно над 1 милијарда евра

Со официјализацијата на договорот со 22-годишниот бразилски напаѓач Матеуш Куња, за коgo Атлетико Мадрид ќе плати 30 милиони евра, тренерот Диего Симеоне стана шестиот тренер во историјата на фудбалот кој потрошил (не тој лично, туку неговиот клуб) над една милијарда евра за доведување нови играчи.

Првото место го држи Жозе Мурињо. Специјалниот е единствен тренер од 2000 година наваму на кој неговите клубови му донеле над 100 нови играчи и за сите тие засилувања кои ги барал Мурињо, потрошени се 1,76 милијарди евра. Втор е Хосеп Гвардиола со потрошени 1,59 милијарди, а во топ 5 се и Карло Анчелоти, Мануел Пелегрини и Масимилијано Алегри.

- Оглас -

Најнови вести