Симона Халеп ја прегази Серена Вилијамс за прва титула на Вимблдон

Романката Симона Халеп со 6-2, 6-2, за само 55 минути ја растури легендарната Серена Вилијамс во финалето на тенискиот гренд-слем турнир Вимблдон. За Халеп, ова е втора гренд-слем титула во кариерата, по ланскиот триумф на „Ролан Гарос“ во Париз, и покажа дека знае да биде успешна и на земјена и на тревната подлога.

Вилијамс сакаше да дојде до 24-тата гренд-слем титула во кариерата, но не успеа. Дали победата на Халеп е само првиот од двата чекори со кои балканскиот тенис ќе биде најуспешен на Вимблдон, ќе се види утре кога Србинот Новак Ѓоковиќ ќе треба да се сретне со Роџер Федерер.

Халеп во финалето освои 12 од 16-те гејма, и освои четири гејма во кои сервираше Вилијамс, што само докажува колку беше подобра.

- Оглас -

Најнови вести