Симулациите на суперкомпјутерот ја отпишуваат Македонија (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија има само 4 проценти шанси да се пласира на Светско првенство, а скромни 15 отсто да дојде до финалето, покажуваат симулациите на платформата за фудбалска статистика и симулации, ФМД.

Од европските тимови кои ќе играат баражи, нашите се најголеми аутсајдери, улога која сме ја имале и во минатото кога сме шокирале фаворити.

И квотите во Sport Life за успех на Македонија се огромни. Квотата дека ќе се пласираме на Мундијал е 20.0, исто како и кај Северна Ирска. Квотата за победа на гостувањето кај Данска е дури 13.0, кај ниту еден од другите седум полуфинални парови нема толку голема квота.

На хартија сме аутсајдери, но нека проработи инаетот за да покажеме дека грешат сите кои го отпишуваат тимот на Гоце Седлоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести