Синиша Михајловиќ чека шанса во Палермо, можно е да им биде тренер на Несторовски и Трајковски

Двата порази по ред на Палермо го запалија алармот на Сицилија, а Роберто Стелоне веќе нема сигурна позиција како тренер на лидерот во Серија Б.

Следните два меча со Фоџа и со Перуџа можат да бидат клучни за судбината на Стелоне, а веќе се шпекулира со две имиња кои би можеле да го заменат.

Најреална опција ако биде сменет сегашниот кормилар, тренерот на Илија Несторовски и на Александар Трајковски, да биде Делио Роси, но се споменува и Синиша Михајловиќ.

Палермо загуби драгоцени шест бода по поразите од Салернитана и од Кремонезе, па главните конкуренти ја стопија разликата во бодови и сега „розевите“ се само на еден бод разлика од Бреша и по три од Лече и Пескара во битката за првите две позиции кои гарантираат пласман во Серија А.

Делио Роси еднаш веќе беше тренер на Палермо и тој е прв пик на раководството на клубот ако добие отказ Стелоне, а како и Михајловиќ, и тој не работи во струката од јули 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести