Синот на Зидан ќе му биде конкуренција на Димитриевски во Рајо

Лука Зидан во следните две сезони ќе се калеми во редовите на Рајо Валјекано покрај Столе Димитриевски. Синот на Зидан дојде како позајмен од редовите на Кралскиот клуб да му биде конкуренција на нашиот репрезентативец голман.

Димитриевски повторно е прв избор во Рајо меѓу диреците откако го прележа корона-вирусот, а во натпреварувачки погон се врати со празна мрежа во убедливиот триумф на неговиот тим против Малага во последното коло од втората Шпанска лига.

Зидан ќе треба многу да се покаже за да го тргне Столе од гол-линијата, но конкуренцијата добро ќе му дојде на македонскиот чувар на мрежата со цел да покаже уште подобри настапи досега. Инаку, Димитриевски ќе биде дел од националниот состав на Ангеловски во дуелот против Косово, како и во средбите против Естонија и Грузија во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести