Системот не лаже: Чекаше услов од три, фати четири меча во лудилото во средата

За да се пише ваков добитен тикет, навистина е потребно знаење, покрај минималната доза на среќа дека токму во натпревари во коишто се очекува триумф на фаворитите, ќе нема победник.

Од Куманово доаѓа топ-тикетот за денес на кој обложувачот со влог само од 40 денари, чекаше услов 3/6, а погоди четири натпревари за одлична добивка од 71.688 денари од потенцијалната максимална исплата 118:438 денари.

Јувентус не го одбрани водството од 2-1 на полувреме против Џенова, па по нерешените 2-2 во 90 минути, Бјанконерите триумфираа во дополнителното време. Погодениот исход носеше голем 21.5 коефициент, но најголема квота 28.0 дефинитивно ја донесе ремито меѓу Тотенхем и Фулам, во кое домаќините водеа со 1-0 по 45 минути игра и на крајот да освојат по бод при конечни 1-1.

И Барселона водеше минимално по првото полувреме против Сосиедад, а Баскијците изнудија дополнителни 30 минути, односно пенал-рулетот во кој Каталонците беа подобри.

Интер со голот на Видал во 40-тата минута поведе на гости кај Фиорентина, а минималната предност беше анулирана во вториот дел, па Лукаку длабоко во продолжението го реши мечот.

Средбите кои обложувачот не ги погоди се победите на Наполи против Емполи, односно ПСЖ против Марсеј, каде што се чекаше нерешен резултат на полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести