Системски милионер: Погоди пресврти на Ливерпул и Дортмунд, Ел Класико во корист на Реал…

Неверојатно богат тикет од еден милион денари погоди битолчанец кој е редовен клиент на Sport Life, a за неговиот системски тикет издвои само 95 денари.

Уште поневеројатно е што погоди три пресврти од вкупно пет кои ги чекаше на милионскиот тикет. Ливерпул против Астон вила со 2-1 (0-1) со квота 25.5, Штутгарт 2-3 (1-0) со коефициент 23, како и Специја 3-2, Кротоне (0-1) со квота 26.5. Во победата на Црвените исто така погоди дека домаќините ќе дадат најмалку два гола, но и дека гостите ќе дадат барем еден гол.

Двојна добитна комбинација му беше типувањето на Ел Класико, во кое Реал славеше со 2-1 против Барселона. ГГ3+ донесе 1.90 квота, додека типот 1-1&ГГ уште повисока 6.25 квота.

Промашените пресврти се на Лајпциг и Милан. Црвените бикови славеа убедливо на гости кај Вердер со 1-4, додека Милан беше сигурен на гости кај Парма со 3-1.

САМО СО 25 ДЕНАРИ ГИ НАПОЛНИ ЏЕБОВИТЕ РЕЧИСИ СО 3.000 ЕВРА

Обложувачот од Прилеп не само што погоди седум „фикса“, туку и ги начека натпреварите каде што ќе паѓаат голови во двете полувремиња, па му беа доволни само 25 денари за да си заработи 183.250 денари. Сите седум парови се типувани со „кец“ или „двојка“, врзани со по еден гол во двете полувремиња, а на повеќето мечеви обложувачот немаше дилеми дали тие ќе бидат ефикасни или не.

Доза на неизвесност и нервоза влеа Ливерпул, кој по првите 45 минути губеше со 0-1 од Астон вила на домашен терен, но англискиот првак се избори за трите бода со конечни 2-1.

Реал за победата над Барселона се погрижи во првото полувреме да биде „кец“, а голот на Каталонците за конечни 2-1 на второто Ел Класико го потврди одлично составениот тикет на кој добивката му е речиси 3.000 евра.

МАЛИ ВЛОГОВИ, ГОЛЕМИ ДОБИВКИ Е МОТОТО ЗА ИЗМИНАТИОТ ВИКЕНД

Добивка од 110.480 денари си ќари обложувач од Скопје, а за добитниот тикет кој доаѓа од уплатното место „Скопјанка“ издвоени се само 20 денари.

Вкупно 16 комбинации, од кои повеќето се типувани со класичните „фиксови“, само на три меча обложувачот не сакаше да ризикува и да чека победник, па игрите на голови му се покажаа како среќни.

Монако точно на граница за 3+ славеше против Дижон (3-0) благодарение на Бен Једер и неговиот реализиран пенал во 89-тата минута. Манчестер јунајтед со 3-1 го доби гостувањето кај Тотенхем за точен да биде типот ГГ, додека истиот тип се покажа добитен во дуелот меѓу Еспањол и Леганес, во кој домаќините триумфираа со 2-1.

ФАВОРИТИТЕ ОВОЈ ВИКЕНД НЕ РАЗОЧАРАА

Од скопската населба Кисела Вода доаѓа последниот топ-тикет од изминатиот викенд, за кој обложувачот потроши само 90 денари, а за возврат доби 153.698 денари.

Се потрпе на фаворитите и не згреши. Во серија победуваа Ливерпул, Челзи, Арсенал, ПСЖ, Интер, Милан и Јувентус, а Лион конечно по три кола во Лига 1 се израдува на победа, што беше последен тип заедно со Топчиите во оваа добитна комбинација.

Речиси да немаше тикет без Ел Класико, а обложувачот без да чека победник, си типуваше ГГ3+ и конечните 2-1 во корист на Кралевите беа знак дека добивката од речиси 2.500 евра ќе заврши во рацете на клиентот од Кисела Вода.

- Оглас -

Најнови вести