Сите повредени од Барса се појавија на тренинг, Чави ќе треба да одлучи кој ќе игра

Листата на повредени кај Барселона е прилично долга, но „магично“, речиси сите тие повредени денеска се појавија на тренинг со желба да играат на утрешното Ел Класико против Реал Мадрид.

Тренерот Чави нема да смета на Сержи Роберто и тоа е сигурно, а сигурно е дека се враќа Рафиња. Денеска тренираа Левандовски, Педри, Де Јонг и Кунде, но утре ќе се решава кој од нив да игра, кој не, со оглед на тоа дека не се 100 проценти заздравени.

„Треба да се биде со ладна глава и да се контролираат емоциите. Знам дека сите сакаат да играат на Ел Класико, но стручниот штаб утре ќе одлучи кој ќе игра“, рече Чави.

- Оглас -

Најнови вести