Сите прифатија намалување на платите освен капитенот

Германскиот кошаркарски клуб Бросе Бамберг со оглед на моменталната ситуација, одлучи да ги скрати платите на играчите и тренерите до 50 отсто. Сите членови на првиот тим и стручниот штаб го прифатија овој потег, освен капитенот Елајас Херис.

„Благодарен сум на сите кои го поддржуваат нашиот клуб во овие тешки времиња и сите кои ги прифатија новите услови, односно неизбежните мерки. Сепак, разочаран сум што нашиот капитен Елајас Херис е единствениот играч кој не прифати да да му се намали платата, а тој треба да биде пример за останатите играчи“, истакна претседателот Михаел Стошек.

За потсетување, кошаркарската Бундеслига е прекината најмалку до 30 април, но се разгледува опцијата да се означи крај на актуелната сезона, како што веќе направија неколку шампионати во Европа.

- Оглас -

Најнови вести