Сите се против Иско

Заминувањето на Хулен Лопетеги и наименувањето на Сантијаго Солари за тренер на Реал Мадрид го означи стартот на маките на Иско во Кралскиот клуб. Од неспорен стартер и играч околу кој се врти играта на тимот, Иско сега е обичен резервист кој или влегува при крај, или игра 90 минути на неважни натпревари.

Не е тајна дека Иско не се вклопува во концепцијата на Солари, но поголем проблем е што тој не е омилен ниту кај Рамос и Марсело, а и фановите почнаа да го исвиркуваат. Случајно или не, Иско беше во составот кога Реал беше понижуван од Барселона и ЦСКА.

Синоќа, кога Марсело излезе од игра, му ја понуди капитенската лента на Иско, но тој ја одби наводно затоа што сметал дека нововлезениот Карвахал треба да ја земе.

Претходно, Иско почна да се кара со еден навивач кој му дофрли нешто, пропушти една убава шанса и беше премногу пасивен при примениот трет гол кога не го чуваше играчот до него.

Марсело и Солари по мечот изјавија дека публиката е секогаш во право и смее да негодува кон некого ако мисли дека некој заслужува да биде исвиркан. Во Реал има уште еден незадоволен член, а тоа е голманот Кејлор Навас. Човекот со кого Реал освои три европски титули по ред, сега брани само во шпанскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести