Сити џабе потроши милијарда евра, Де Бројне вели: Ова беше само различна година со ист ефект

Манчестер сити потроши 943 милиони евра во последните три сезони, а проклетството наречено четвртфинале во Лигата на шампионите им станува лоша навика на популарните Граѓани.

Третпат по ред една од најсилните англиски екипи не успева да го направи клучниот чекор кон пласман во полуфиналето, а по двете елиминации од англиски противници, сега Лион беше превисока пречка.

Францускиот тим победи со 3:1 во Лисабон и третпат по ред донесе разочарување во таборот на една од најдобрите екипи во Европа.

„Ова е разочарувачки за нас. Испадна само различна година со ист ефект и елиминација во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Првото полувреме не беше добро за нас, но потоа игравме навистина добро. Лион не создаде шанси, ни промашивме неколку и не казнија со два гола. Немам логично објаснување зошто не можеме да го минеме четвртфиналето“, изјави Кевин Де Бројне, кој беше стрелец на единствениот гол за Манчестер сити во поразот од 1:3 против Лион.

Сините од Манчестер не успеаја ниту сега во еден меч против Лион, ниту во претходните две изданија, кога англиски екипи беа преголема пречка за нив.

Во сезоната 2017/18 Ливерпул ги прегази со две победи од 3:0 и 2:1 и со вкупен резултат ги исфрли од игра за пласман во полуфиналето, а во следниот циклус натпревари во Лигата на шампионите Тотенхем во возбудлив двомеч ги елиминираше благодарение на головите на гости, при израмнет вкупен резултат од 4:4.

Во Лондон беше 1:0 за Тотенхем, а во реваншот во Манчестер, Сити славеше пирова победа од 4:3.

Интересно е што и во претходните две изданија и сега во овој циклус тимот што го предводи Пеп Гвардиола беше меѓу топ-фаворитите за титулата.

Пред стартот на фајнал-ејт турнирот во Лисабон популарните Граѓаниимаа најнизок коефициент во обложувалниците за конечен триумф и прва шампионска круна во Европа.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести