Манчестер сити фати залет, од третото место одлично се гледа врвот во Премиер лигата (Видео)

Фил Фоден сè повеќе се наметнува како стандарден првотимец на Манчестер сити, а вечерва со неговиот гол во 44-тата минута популарните Граѓани го победија Брајтон и стигнаа до третата позиција во Премиер лигата.

Дваесетгодишната фудбалска надеж на Англија погоди по третпат на последните пет меча што ги одигра за Сити и го одлучи победникот.

На асистенција на Кевин де Бројне во финишот на првиот дел, Фоден го совлада Санчес и му донесе три бода на фаворитот.

Во финишот на мечот Рахим Стерлинг промаши пенал за домаќините, но Сити сепак успеа да ги освои бодовите со минимална победа од 1:0.

Манчестер сити има серија од 4 победи по ред и веќе е на третото место со 32 бода, четири помалку од лидерот и градски ривал Манчестер јунајтед и еден од актуелниот англиски првак Ливерпул.

Граѓаните имаат одиграно еден меч помалку, па имаат шанса да бидат и втори ако ја продолжат успешната серија победи.

Брајтон го претпре и осмиот пораз по ред во меѓусебните дуели со Сити и го чека битка за опстанок на 17-тата позиција, само со 14 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести