Сити го шокираше Јунајтед на стартот, но Црвените ѓаволи од пенал се вратија во егал во финалето (Видео)

Манчестер сити и Манчестер јунајтед играат 1:1 по првото полувреме во финалето на ФА Купот кое се игра на Вембли. Стартот беше како од соништата за Сити затоа што Граѓаните поведоа буквално во првиот напад.

Само 13 секунди беа потребни за Граѓаните да се радуваат на погодокот на Илкај Гундоган. Ова беше најбрзиот погодок постигнат во финале на ФА Купот во историјата. Претходниот рекорд го држеше Луис Саха кој погоди во 25 секунда на финалето меѓу Челзи и Евертон во 2009 година.

Сити со водство од 1:0 и фаворитска улога имаше шанси и за втор погодок, но тоа не се случи во првиот дел. Казната за тоа стигна во 33 минута, кога по една не многу опасна акција на Црвените ѓаволи, топката удри во раката на Џек Грилиш, а по асистенција од ВАР собата, беше досуден пенал за Јунајтед.

Бруни Фернандеш ја превзема одговорноста да го шутира пеналот и погоди за 1:1, резултат кој е актуелен по првите 45 минути на „Вембли“.

- Оглас -

Најнови вести