Сити и Јунајтед ќе играат по уште еден меч во јануари, одредени термините на одложените натпревари

Манчестер сити и Манчестер јунајтед во јануари ќе ги играат одложените натпревари од стартот на сезоната во Премиерлигата, против Астон Вила и Барнли.

Двете екипи имаа продолжен одмор по евро-сезоната, а сега дознаа кога ќе ги играат пролонгираните дуели.

Манчестер јунајтед ќе му гостува на Барнли на 12. јануари, а мечот ќе се игра од 20.15 часот, додека нивните градски ривали ќе и бидат домаќини на Астон Вила на 20. јануари на натпревар што исто така ќе се игра од 20.15 часот.

И двете екипи имаат по уште еден меч за доигрување, за да се израмнат со сите екипи кои веќе одиграа по 16 натпревари во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести