Сити и Јунајтед летово ќе водат голема битка за фудбалер на Вест хем

Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за ист фудбалер. Ова се само дел од насловите од Островот што најавуваат возбудлив летен трансфер период. Веќе е познато дека Пеп Гвардиола како ново засилување го посакува фудбалерот на Вест хем, Лукас Пакета, но според последните информации, интерес за него има и од градскиот ривал на „граѓаните“, Манчестер јунајтед.

Бразилецот во дресот на Вест хем има договор до 2027-мата година, а обесштетувањето би изнеасувало околу 60 милиони евра, сума која нема да биде пробелм нитуа за едните ниту за другите.

Манчестер јунајтед на позицијата „10-ка“ го има Бруно Фернандеш, но со Пакаета сакаат да добијат дополнително засилување во остварување на амбициите за следната сезона.

Пакета оваа сезона за Вест хем одигра 38 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна осум погодоци, а запиша и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести