Сити и ПСЖ подготвуваат спектакуларна трампа?

Шпекулациите дека Нејмар во следната сезона повторно ќе го облече дресот на Барселона може и да не се остварат бидејќи наводно Манчестер сити на Пари Сен Жермен ќе му понуди 120 милиони евра и Габриел Жесус во замена за бразилската суперѕвезда.

Тренерот Пеп Гвардиола сака да го види Нејмар во своите редови, стратегот на „граѓаните“ би направил сè да го донесе еден од најдобрите фудбалери на светот, а со евентуален премин во Сити, Нејмар би станал и најплатениот фудбалер на денешницата.

Сепак, ПСЖ е клуб кој е незгоден преговарач, особено кога треба да го убедите да продаде играч за кој платија 222 милиони евра само за обесштетување. Плус тоа, Нејмар ако си оди од Париз, повеќе би сакал да се врати во Шпанија.

И Реал Мадрид би сакал да го донесе Нејмар, во кого гледаат замена за Кристијано Роналдо, но во Мадрид не им се допаднаа „флертувањата“ на Бразилецот со Барса. Се шпекулира дека Барселона би го вратила Нејмар, а на ПСЖ би му понудиле пари, плус Кутињо.

- Оглас -

Најнови вести