Сити ја плати клаузулата од 70 милиони евра, Родри е на пат кон Манчестер

Манчестер сити и официјално ја активираше клаузулата на Родри од Атлетико Мадрид, која изнесува 70 милиони евра. Шпанецот веќе е на пат кон Манчестер, каде што треба да потпише петгодишен договор со англискиот првак.

Самиот фудбалер пред неколку дена донесе конечна одлука околу својата иднина, додека, пак, Јорганџиите не трошеа време и доведоа негова замена – Маркос Љоренте од Реал Мадрид, кој при промоцијата како нов играч го доби бројот 14, чијшто сопственик до неодамна беше Родри. Актуелниот шпански вицепрвак со оваа продажба ќе оствари огромен профит бидејќи за услугите на Родри лани потрошија 25 милиони евра кога го ангажираа од редовите на Вилјареал.

Гвардиола во дваесет и двегодишниот играч за врска гледа долгорочна замена за веќе ветеранот Фернандињо. Родри минатата сезона настапи вкупно на 47 меча за Атлетико во сите натпреварувања, на кои во три наврати се запиша во листата на стрелците. Официјализација на трансферот се очекува во следните неколку дена.

 

- Оглас -

Најнови вести