Сити му ја скри топката на Барнли, Лестер даде два, а му поништија три гола

Манчестер сити со 2-0 го победи Барнли, а Лестер со истиот резултат го доби Фулам во двата меча од Премиер лигата кои почнаа во 19 часот. Тимот на Пеп Гвардиола од 21 ноември не знае за пораз и оттогаш имаат примено само четири гола.

Граѓаните многу лесно излегоа на крај со Барнли, рано дадоа два гола и го скршија отпорот на тимот од кој никогаш не загубиле. Сити имаше 75 проценти посед на топката и нормално е што не прими гол. Лидерот на табелата има серија од шест лигашки меча по ред без примен гол, што е изедначување на клупскиот рекорд. Сити има серија од 13 победи по ред во сите натпреварувања (Премиерлига и купови), вакво нешто на англиски тим не му успеало од Арсенал во 2002.

Лестер против Фулам даде пет гола, но три му беа поништени, па славеше „само“ со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести